Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток го отпушти советникот за национална безбедност Мајк Волц и го назначи државниот секретар Марко Рубио за негова привремена замена, што е првата голема промена во најтесниот круг на Трамп откако ја презеде функцијата во јануари.
Трамп во објава на социјалните мрежи изјави дека ќе го номинира Волц за амбасадор во Обединетите нации, додавајќи дека тој „работел напорно за да ги стави интересите на нашата нација на прво место“.
Претходно истиот ден, извори соопштија дека Трамп одлучил да го отпушти Валц од неговата позиција во Белата куќа.
Изборот на Рубио од страна на Трамп за замена на Волц е привремен и ќе биде прв пат од Хенри Кисинџер во 1970-тите едно лице да ја извршува функцијата државен секретар и советник за национална безбедност.
Заменикот на Волц, Алекс Вонг, експерт за Азија, кој беше задолжен за Северна Кореја за време на првиот мандат на Трамп, исто така ја напушта Белата куќа, соопштиле две лица запознаени со ситуацијата.
Волц, 51-годишен републикански претставник од Флорида, се соочи со критики откако случајно додаде новинар во група на платформата „Сигнал“ каде што претставници на Трамп дискутираа за бомбардирањето во Јемен.
Советникот за национална безбедност е моќна улога која не бара потврда од Сенатот.