Волф: Нема проблем дека Расел е побрз од Хамилтон

од Vladimir Zorba
364 прегледи

Новиот возач на Мерцедес во Формула 1, Џорџ Расел, од почетокот на сезоната се снаоѓа подобро од седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон. Ова го покажува пласманот по стартот на првата петорка оваа година, а интересно е што помладиот и понеискусен возач поведе пред Луис по промената на техничките правила за оваа сезона, што сериозно ги промени болидите.

Сепак, шефот на Мерцедес, Тото Волф, призна дека воопшто не бил изненаден од овој факт.

„Џорџ стана шампион во Формула 3 во својата дебитантска сезона, постојано бележејќи ги најбрзите кругови, а потоа настапуваше многу добро во Формула 2, а уште тогаш знаевме дека е многу брз“, објасни Волф.

Многумина очекуваа дека замената на Валтери Ботас со Џорџ Расел во Мерцедес ќе го стави Хамилтон под притисок, но поради заостанувањето на тимот оваа сезона, нивниот натпревар се разви малку поназад во поредокот.

„Расел стекна искуство во Вилијамс, никогаш не се сомневав дека е добар пилот, сега гледаме потврда за тоа“, додаде Волф.

„Многу ми се допаѓа како работи, се однесува и размислува многу рационално, без разлика дали се бори за прво или 11-то место. Не е проблем што тој е пред Луис во поредокот, Џорџ многу брзо се прилагодува на тимот и моментално ги имаме најдобрите возачи во Формула 1“, додаде Германецот.

Слични содржини