Волф: Подобро да бидам лош, отколку идиот

од Vlatko K
103 прегледи

Шефот на тимот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф ја прокоментира одлуката да го лиши од победата едниот пилот Валтери Ботас и да ја подари на лидерот во тимот – Луис Хамилтон. Според Волф неговата одлука за време на неделното Гран При на Русија била повеќе рационална отколку емоционална, со главна мисла за максимално зголемување на шансите за петтата светска титула во кариерата на Хамилтон.

Со победата во Сочи, Луис веќе има удобна предност од 50 поени пред Себастијан Фетел од Ферари. До финишот на сезоната 2018 во Формула 1 остануваат пет старта во кои Хамилтон ќе може целосно спокојно да го држи развојот на шампионатот во рацете.

„Потребно е некој да биде лошиот и денес тоа бев јас. Треба да можеш во такви ситуации брзо да земеш рационално решение. Претпочитав јас да бидам лошиот оваа недела отколку идиот, поради кого тимот ја испуштил титулата во финалето во Абу Даби“, ја прокоментира Волф неговата одлука.

„Валтери целосно заслужи да победи во Русија. Знам колку му беше тешко, на мене исто не ми беше полесно. Но тоа е тимски спорт и мојата работа е понекогаш да донесувам такви одлуки“, заклучи австриецот.

Слични содржини