Волфганг Шojбле: Еден ден во знак на благодарност ќе ми подигнат статуа во Атина

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Додека на Меѓународниот саем во Солун, следниот месец, грчкиот премиер Алексис Ципрас се подготвува да го претстави извештајот за позитивната оценка за тоа како земјата напредува со реформите, германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, изјави дека верува Грците ќе треба да му бидат благодарни за неговиот цврст став во врска со економските реформи и животната средина, вели грчкото издание Екатимерини.

“Еден ден, во Грција, во моја чест тие ќе изградат статуа, и тоа ќе биде знак на благодарност за притисокот што го применив за да ги воведат неопходните реформи”, изјави Шојбле за германскиот весник Ханделсблат.

Според истото издание, Шојбле планира да го претвори “Европскиот механизам за стабилност” во европска верзија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), организација која е една од кредиторите на Грција.

Концептот е Европскиот монетарен фонд да им помогне на земјите од еврозоната во финансиска криза, но да ги врзува со строги услови како што се оние што ги наметна ММФ за да и помогне на Атина и другите земји во последниве години.

Другите идеи, како што е можноста за примена на мерките за засилен растот во слични земји, силно ги отфрли Шојбле.
Сепак, според францускиот премиер Емануел Макрон, еврозоната треба да има единствен централен буџет, кој, доколку е потребно, во време на финансиски потешкотии може да им помогне на земјите-членки. Тој, исто така, ја поддржува идејата за формирање функцијата министер за финансии за еврозоната, која оваа идеја не јаа одобрува Берлин.