Volkswagen престанува да произведува уште еден популарен модел

од Vladimir Zorba

Палетата на возила на Volkswagen наскоро ќе биде скратена за еден голем купе седан.

Германскиот гигант неодамна објави дека моделот Arteon е минато, а за Car and Driver потврди дека 2024 година ќе биде последната година од продажбата на тој модел.

Според извршниот директор на Volkswagen, Томас Шафер, компанијата ќе се фокусира на помал број возила во поголем обем, додека од друга страна, возилата кои се произведуваа во мали количини, како што е Arteon, ќе бидат исфрлени од употреба.

Arteon пристигна на пазарот во 2017 година како порафинирана верзија на популарниот седан VW – Passat.

Општото лудило на купувачите за теренци и кросовер возила речиси го уништи сегментот на седаните, а се повеќе производители ги симнуваат од понудата. Според податоците за продажбата на VW, Arteon е во голем пад во последните две години.

На пример, само 5.537 Arteon беа продадени во САД во 2021 година и само 1.742 во 2022 година. Кога се знае дека во тие години во Америка VW продаде 375.000 и 300.000 возила, тогаш одлуката за прекин на моделот е кристално јасна.

Во овој момент, Volkswagen не објави директна замена за Arteon. Познато е само дека електричниот ID.7 треба да биде некаква замена за Arteon и Passat.

Слични содржини