Волонтерите од „Не биди ѓубре“ по четврти пат чистеа во Куманово

од Марта Пешевска
249 прегледи
Волонтери од граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ од Куманово  по четврти пат чистеа во Куманово, вчера во урбаната градска заедница на дел од булеварот „Октомвриска револуција“. Во акцијата се собрани 30-тина вреќи со ѓубре.

Во урбана, градска средина на потег од 50-тина метри, собрани се околу 30тина вреќи ѓубре. Почнуваат да регираат граѓаните, но тоа е многу малку и за овој град срамно. Ни купуваат вода, сок. Вчера добивме донација вреќи за ѓубре, маски, ракавици, од луѓе кои не можат да чистат ама сакаат да помогнат. Локалното население со никаква заинтересираност. Некои само дофрлуваа, дуги ни честитаа, но сите си поминуваа покрај нас. Продолжуваме секој слободен момент на ново место. Живееме во смет, тоа е факт кој за сега е непобедлив, а на кумановци очигледно тоа им одговара. Логистичка поддршка имаме од ЈП Чистота и зеленило затоа што немаме наша опрема за чистење. Ги повикувам барем бизнисмените да не испочитуваат со по некое гребло,метла, лопата. За нас се работи, изјави Андријана Недељковски од иницијативата „Не биди ѓубре“.

Претходно се одржаа три акции на локација на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, на улицата „Моша Пијаде“ и кај поранешен Пионерски дом.