Volvo ќе ја ограничи брзината на своите возила до 180 км/ч

од desk2
124 прегледи

До 2020 година, компанијата Volvo има за идеја да ја ограничи макималната брзина на своите возила. Според информациите Volvo ќе можат да развијат макимално 180 км/ч. Volvo е бренд кој е познат по безбедноста па преку ова тие ќе имаат за цел да ги намалат сообраќајните незгоди кои настануваат поради преголема брзина.

Најголемиот дел од сообраќајките кои што се случуваат во светот се од преголема брзина.

Освен ова, Volvo има за цел да направи систем кој ќе ја намалува брзината на автомобилите кога возат во близина на училиште или болница и систем кој ќе препознава дали сте пијани или дали сте деконцентрирани додека возите.

Слични содржини