Волво од 2019 година планира да произведува само електрични автомобили

од desk2
77 прегледи

Сите модели автомобили на шведскиот производител Волво, од 2019 година ќе бидат опремени со електромотор.

„Ова е заради нашите потрошувачи“, вели претседателот и извршен шеф на Volvo Cars, Хакан Самуелсон. „Луѓето се повеќе бараат електрифицирани автомобили, а ние сакаме да одговориме на нивните барања. Сега може да одберете кој и да сакате моддел на електрифицирано Volvo возило“.

Volvo вели дека меѓу 2019 и 2021 година пет модели на автомобили ќе бидат потполно електрифицирани, а ќе има и хибриди со дизел мотор, како и таканаречените “mild-hybrid cars” кои имаат мал нафтен мотор и голема батерија.

„Оваа објава става крај на ерата на автомобили со мотори со внатрешно согорување“, вели Самуелсон. „Volvo Cars планира да продаде милион електрифицирани автомобили до 2025 година. Кога нешто ќе кажеме, ние тоа и го мислиме„.

Volvo Car Group е во сопственост на Chinese Geely Holding. Седиштето е во Торсланда, Гетеборг, во Шведска, а имаат фабрики во Гент, Белгија и во Ченгду, Кина.
Европските производители на автомобили се тркаат во производството на електрични возила.

Германскиот гигант Volkswagen е водечки во производството на електрични модели, со што се обиде да ја врати својата нарушена репутација, откако во септември призна дека системот кој мери колку издувни гасови испуштаат автомобилите ги лажирал бројките.

И производителите како BMW, Daimler, Mercedes, исто така држат значителен дел на пазарот на електрични возила, но се соочуваат со предизвик од новите компании какао Tesla, кои пак произведуваат автомобили кои возат сами како и автомобили на електрична енергија.