Volvo XC90 е импресивен автомобил, а кога ќе се додаде и карактеристиката дека е отпорен на куршуми, тогаш се качува ниво погоре.
Дипломати, политичари, бизнисмени, службеници во безбедност, полиција, славни личности – ова е клиентелата која бара дополнителна безбедност и сигурност од превозното средство.
Тимот на Volvо помина две години во развој на XC90 Armored за да го задоволи рангирањето VPAM VR8, што е второ највисоко во областа. VR8 рејтингот значи дека Volvo XC90 Armored е отпорен на куршуми од сите агли, како и на експлозив.
Основата за XC90 Armored е Volvo XC90 T6 AWD Inscription. Откако ќе се произведе во фабриката во Торсланд во Шведска, автомобилот оди во TRASCO Bremen во Германија каде се завршува процесот на блиндирање.
Челикот со висока цврстина е дебел 10 милиметри, а дебелината на стаклата може да биде и до 50 милиметри.
Дополнителна заштита е зголемената тежина за 1.400 килограми, па XC90 Armored заедно со петмина патници тежи 4.490 килограми.
XC90 Armored ќе почне да се испорачува оваа година.