Вонреден надзор во Битолската болница по смртта на 24-годишникот

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити иницирал Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во Битолската клиничка болница, во врска со случајот на починато 24-годишно момче.

-По утврдување на фактичката состојба и изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана, порачуваат од МЗ.

Момчето по седум дена дома со висока температура и без никаква терапија, за првпат се јавило на Инфективното одделение во вторникот, при што му биле направени сите анализи, и со соодветна терапија било пуштено дома. Притоа, состојбата продолжила да се влошува и родителите, вчера рано наутро го донеле повторно во болница, по што било хоспитализирано.

Наодите од лабораториските анализи биле доста лоши, состојбата се влошувала од час во час, и момчето починало вчеравечер, појаснуваат од здравствената установа.

По барање на болницата и по наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, која е во тек и се очекува за неколку часа да се знае причината за смртта.

Слични содржини