Вонредна од Хамбург: Мелани е во стапица! (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Мелани Трамп не може да го напушти хотелот во Хамбург поради насилните протести , јави Си-Ен-Ен.

Така таа всушност е  во вистинска стапица и не може да присуствува на настаните организирани специјално за првите дами на лидерите од Г-20, изјави нејзината портпаролка.

. “Полицијата на Хамбург не може да ни обезбеди место за да поминеме”, коментира таа. “Мислам за повредените во протестите во Хамбург. Се надевам дека сите ќе останат безбедни “, напиша сопругата на Доналд Трамп на Твитер.

Германскиот канцелар Ангела Меркел  антиглобалитите и  протестите ги дефинира  како “неприфатливи”,  и бара решителност на полицијата да го врати редот и мирот.

 

 

 

Слични содржини