
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша законот за ратификација на договорот со Турција за проектот за гасоводот “Турски поток”. Договорот предвидува правна и регулаторна рамка, вклучувајќи даночни и царински режими за проектирање, изградба и последователната експлоатација на гасоводот, истакна заменик-министерот за енергетика Јуриј Сентјурин.
Тој додаде дека со новата цевка Русија нема целосно да се откаже од транзитот на гориво во Украина, но ќе го намали значително придружниот ризик.
“Турски поток” е наменет за снабдување на руски гас на територијата на Турција, како и за исполнување на обврските на Русија за снабдување на територијата на земјите од ЕУ по 2019 година, посочи уште Сентјурин.
Договорот за проектот за гасоводот беше потпишан во Истанбул на 10 октомври 2016 година, а гасовониотт систем ќе поминува низ акваторија на Црното Море од Русија / од компресорската станица “Русскаја” во Краснодарскиот регион / до приемен терминал на брегот на Турција и ќе се состои од две линии со вкупен максимален технички проектен капацитет 31, 5 милијарди м. гас годишно. Морскиот дел на проектот опфаќа околу 920 километри, копнен – околу 200 километри. Пуштање во употреба на гасоводот на двете линии е предвидено до 30 декември 2019 година