Вонредна состојба во 32 града и општини во Србија поради поплави

од Stefanija Kuzmanovska
344 прегледи

Поради излевање на реки и потоци во Србија е прогласена вонредна состојба во 32 града и општини, а додека се отстрануваат последиците од поплавите се очекува нов бран излевања бидејќи се најавуваат нови обилни врнежи, изјави утрово претставникот на Секторот за вонредни состојби на МВР, Милош Миленковиќ.

Миленковиќ за РТС изјави дека од 26 мај до денеска биле евакуирани 76 лица, а припадниците на српското МВР имале околу 500 интервенции.

Според него, во моментов е најтешко во општина Косјериќ, каде 20 домаќинства се без струја и каде се отсечени некои патни правци.

Миленковиќ додаде дека најмногу ангажмани на припадниците на Секторот за вонредни состојби имало во Нови Пазар, Алексинац и Косјериќ.

„Во претходните 12 часа, покрај тие три локални самоуправи, во вкупно 21 интервенција беа ангажирани и припадници на МВР и на Секторот за вонредни состојби. Од нив, акцент беше ставен на испумпувањето на водата како дел од елиминирање на последици од елементарни непогоди. Во претходниот период имавме уште едно евакуирано лице на територијата на општина Алексинац“, изјави Миленковиќ.

Слични содржини