ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ГРАДИНКА ВО КЕЛН: Наставнички во страв од родителите одат на боледување, градинка ангажира чувари

од Vladimir Zorba

Вонредна ситуација владее во градинката во областа Милхајм во Келн. Во страв од некои родители, воспитувачките масовно земаат боледување, градинката одвреме-навреме се затвора, а ангажирани се и обезбедувачи.

Градинката се наоѓа на улицата Von-Sparr-Straße. Тамошните медиуми дознаваат дека некои родители се проблематични, се закануваат, навредуваат, плукаат по учителките кои ги чуваат нивните деца во градинката.

Како што пренесува „Kölner Stadt Anzeiger“, тие имаат најмногу проблеми со едно семејство, а по неуспешниот обид да се реши спорот преку разговор, интервенирала и полицијата.

Од полицијата во Келн потврдија дека во декември минатата година имало интервенција во градинката. Сега се поднесени неколку кривични пријави, вклучително и за закани кон персоналот.

– Како мерка на претпазливост и за дополнителна заштита на вработените, одредена е служба за обезбедување до дополнително известување, објасни портпаролката на градот Келн, кој стопанисува со објектот.

Во градинката се згрижени околу 85 деца. Родителите треба да поминат низ вратата каде што ги чекаат двајца чувари.

Во февруари градинката беше затворена четири дена бидејќи целиот персонал зеде боледување поради добиени закани.

Според портпаролката на градот, едукаторите добиваат различни форми на поддршка, како што се консултации и обуки за деескалација. Децата чии родители биле агресивни повеќе не смеат да одат во установата, а на нивните родители им е забранет влез во градинката.

Полицијата не го откри идентитетот и потеклото на родителите кои правеле проблеми во градинката.

Слични содржини