Вонредна состојба заради црногорски мафијаш: Полицијата ги блокира приодите на болницата во Хановер (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
251 прегледи

Полицијата го блокирала пристапот до Медицинскиот факултет во Хановер и се проверуваат сите кои сакаат да се приближат до Универзитетот на кој е згрижен ранет припадник на црногорската мафија, пренесуваат германските медиуми.

Напорите на полицијата да обезбедат место имаат многу сериозна позадина, а според „Hannoversche Allgemeine Zeitung“, мафијашкиот шеф се здобил со рани од огнено оружје. Полицијата го штити мафијашот Игот К. од можен напад.

Германските специјалци вооружени со автоматски пушки патролираат по ходниците на интензивна нега во болницата, кои како што наведуваат медиумите повеќе личи на одделение на државна безбедност.

Билд наведува дека станува збор за високо позициониран член на мафијата од Црна Гора кој долетал во Хановер минатата недела. Овој маж претходно бил во болница во Црна Гора и тогаш бил изрешетан со 27 куршуми.

Од аеродромот до болницата бил транспортиран под силни безбедносни мерки, а трошоците за лечење од повеќе илјади евра ги сноси сам бидејќи во Германија нема здравствено осигурување.

Весникот потсетува на војната меѓу шкаљарскиот и кавачкиот клан во Црна Гота кој се пренел и во Германија.

 

 

 

https://www.facebook.com/ndrniedersachsen/videos/132797004622272/

Слични содржини