Министерство за надворешни работи на Албанија синоќа одржало вонредна седница по изјавите на македонскиот претседател Ѓорге Иванов за причините за недавање на мандатот на Зоран Заев за состав на новата влада со албанските политички партии, јави Макфакс.
Албанските медиуми кои се повикуваат на извори блиски на албанското МНР информираат дека на средбата се договорени наредните чекори кои ќе ги преземе официјална Тирана за најновите состојби во Македонија. Исто така, изворите наведуваат дека веќе имало и одредени контакти со меѓународниот фактор, а се очекува и официјална реакција на албанското МНР.
Албанските медиуми нагласуваат дека Иванов дефинитивно ги дискриминирал Албанците во Македонија со своите ставови околу Платформата. . Притоа се наведува дека последните ставови на Иванов видно ќе влијаат на односите на Македонците и Албанците/Макфакс