Вонредна: Тревога во американско нуклеарно складиште!

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Тунел полн со нуклеарен отпад, прoпадна во близина на нуклеарен објект во државата Вашингтон, пренесуваат светските медиуми.

На стотици работници им е наредено да се сокријат. За вработените на нуклеарното складиштето, лоцирано на околу 275 километри југоисточно од центарот на Сиетл, е прогласена тревога со инструкции да си “обезбедат вентилација” и да се воздржат да се хранат и пијат.

Во тунелот се чуваат многу извалкани материјали како нуклеарен отпад се користат за транспорт на радиоактивни гориво и прачки. Сеуште не е познато дали воздухот е загаден со радиоактивни материи.