Аpple ги претставија официјално новите смартфони iPhone 7 и iPhone 7 Plus. Уредите работат со iOS 10 и имаат подобри камери, побрзи процесори и обезбедуваат подолг живот на батеријата.

Смартфони го н немаат класичниот 3,5 аудио приклучок и се опремени со IP67 сертификатни облоги кои обезбедуваат заштита против прашина и вода. Во секој случај тоа е едно од најинтересните подобрувања во долгоочекуваните iPhone 7 и iPhone 7 Plus.
Новите уреди можат да бидат потопени под вода на длабочина од еден метар во период од 30 минути.
Копчињата, SIM слотовите и целиот надворешен дел се хидроизолирани, за да не пропуштаат вода во внатрешноста.
Сепак, светските портали веднаш објавија итнересна информација која открива што би се случило ако сепак течност го оштети вашиот iPhone 7 и iPhone 7 Plus. Излегува дека ваквата штета не се покриена од официјалната гаранција на Apple. Тоа значи дека ако вода навлезе во смартфоните, компанијата не се ангажира со бесплатна поправка или замена на уредот.
Tука е моментот да се истакне дека самиот Lightning конектор не е водоотпорен и треба да внимавате кога кога ги полните iPhone 7 и iPhone 7 Plus откако биле потопени во вода.
Доколку планирате да ги купите новите смартфони на компанијата е добро да ја знаете оваа подобробност, за да се спасите од неочекувани проблеми. Најдобра опција е да се ограничите до благо влажнење, а не пливање во базен и така да го заштитите смартфонот од евентуални оштетувања.