Воопшто не ги оправдувам мешаниците во моловите, мора да се почитуваат мерките, вели Филипче

од Stefanija Kuzmanovska
412 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче воопшто не го оправдува тоа што се случува пред Сити мол со турканиците, но конкретно не одговори дали треба да се вклучи Армијата за правење ред. Припадниците се вклучени пред здравствените институции и има ефект.

– Воопшто не го оправдувам она што го видов и јас, мешаниците во Сити-моловите. Мора да се почитуваат мерките. Затоа е забрането групирањето. Инаку, распоредувањето на припадниците на Армијата со кризната состојба е овозможено пред здравствените институции. А таму има ефект, изјави Филипче опдговарајќи на новинарско прашање за турканиците викендот.

Филипче е категоричен дека има доволно бесплатни вакцини против сезонскиот грип во сите градови. Направен е распоред за наредните недели

– Бесплатни вакцини против сезонскиот грип ќе има за сите градови. Направен е распоредот за следните недели. Како што се исцрпуваат термините за закажување следуваат нови, рече Филипче при денешната посета на Прилеп.

Слични содржини