Вооружен човек се заканува дека ќе го разнесе мостот во Киев

од desk2
117 прегледи

Едно лице се заканува дека ќе го разнесе мостот во Киев, каде што се наоѓа метро станицата.

– Тој почна да пука, изјави началникот на киевската полиција, Андреј Кришченко.

На местото на настанот се спроведува специјална операција.

Полицијата овој случај го квалификува како подготовка за терористички напад.

– Непознат маж пука и се заканува со експлозија. Водиме специјална полициска акција. Сега таму се наоѓаат претставници на сите служби. Стопирано е движењето на автомобили и возови на мостот, се наведува во изјавата на началникот.

Напаѓачот се заканува дека ќе разнесе и државни институции.