Вооружен инцидент меѓи израелската и египетската армија

од Milan1
338 прегледи

Денеска дошло до размена на оган меѓу израелските и египетските сили во близина на граничниот премин Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, пишува Тајмс оф Израел.

Според извештаите на медиумите, во инцидентот загинал египетски војник.

Меѓу израелските сили нема жртви.

ИД го потврди инцидентот на преминот Рафа и рече дека е во контакт со Египет

ИД соопшти дека официјални лица се во контакт со Египет по пукањето што се случи на границата Газа-Египет, откако медиумите објавија дека египетски војник е убиен.

„Пред неколку часа имаше пукање на границата. Се е под истрага, има дијалог со египетската страна“, велат од армијата.

Слични содржини