Вооружен судир пред трговски центар во САД: Застрелано младо момче

од Stefanija Kuzmanovska

Во пресметка со огнено оружје во трговски центар на периферијата на Атланта во американската сојузна држава Џорџија како последица имаше еден повреден и седум приведени, соопшти денеска полицијата.

По повикот и дојавата дека се слушнале истрели, полицијата го опколила трговскиот центар „Саутлејк“ во предградието на Мороу, во четвртокот, нешто пред 15 часот по локално време, пренесува АП.

– Веруваме дека имало вербална расправија во рамките на трговскиот центар во која учествувале најмалку 15 лица, која продолжила пред зградата, а потоа дошло до престрелка во која 28-годишник бил погоден во бутот и пренесен до болница. Тој не е во животна опасност – соопшти градската полиција.

Приведени се вкупно седум лица и се проценува дека биле истрелани вкупно 25 истрели, а полицијата во моментов спроведува истрага за да се утврдат причините за овој конфликт, за кој се сомнева дека е претходно договорена пресметка.

Слични содржини