Воспоставувањето на систем за контрола и следење на тутунски производи на владина седница

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Владата на Република Северна Македонија денеска, 29.11.2022 година (вторник), ќе jа одржи 104-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Согласно предложениот дневен ред, на седницата ќе бидат разгледувани повеќе информации од министерствата и извештаи за работа на органите на управата.

На предлог на Министерството за финансии, министрите ќе ја разгледуваат Информацијата во врска со воспоставување на систем за контрола и следење на тутунски производи Track&Trace.

Исто така Владата на предлог на Министерството за надворешни работи ќе го разгледува Предлогот на закон за ратификација на договорот за соработка во областа на механизмите за безбедност со храна во Западен Балкан.

Слични содржини