Воз во Италија усмрти пет работници на пруга

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Воз во Италија прегази и усмрти пет мажи кои работеле на пругата во областа Торино на северот од земјата, јавува АНСА.

Во оваа несреќа, која се случи во средата околу полноќ во дел од градот Торино, повредени се уште двајца работници, јавува италијанската агенција.

Според извештаите, мажите работеле за компанија која изведувала работи за замена на делови од пругата, која ги поврзува главните северни градови Торино и Милано, кога биле прегазени од локомотива која влечела празни вагони од Алесандрија до Торино.

Слични содржини