Скопјанецот Д.Ј. (26) бил физички нападнат од едно лице, возач на приватен автобус, информираат од МВР.
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје, Д.Ј пријавил дека околу 13.30 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.