На регионалниот пат Штип-Кочани во штипското село Чардаклија на коловозната лента се превртел возач на машина вилушкар.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека станува збор за лице на возраст од 38 години, кое со тешки телесни повреди е хоспитализирано на штипската Клиничка болница.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека возачот е примен и по направените прегледи, поради тешките телесни повреди ќе биде транспортиран во Клинички ценатр-Скопје.

Несреќата во Полициска станица-Штип е пријавена во 12.10 часот. Сообраќајот на регионалниот пат Штип-Кочани се одвива нормално и во двете насоки..

Слични содржини