Возач од Беровско возел 132 км/ч на пат каде максималната брзина е 60 км/ч

Како што соопшти СВР Штип, уапсен е Д.Т. (35) од с. Русиново, беровско, кој со автомобил „ауди“ се движел 72 км/ч побрзо од ограничувањето.

од desk2
9 прегледи

Полицијата во Беровско вчера уапсила возач, затоа што бил „уловен“ дека вози со брзина од 132 км/ч на место каде е дозволена брзина од 60 км/ч.

Како што соопшти СВР Штип, уапсен е Д.Т. (35) од с. Русиново, беровско, кој со автомобил „ауди“ се движел 72 км/ч побрзо од ограничувањето.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.

Слични содржини