Возач удрил жена на тротинет и избегал

од Nikola Popovski
249 прегледи

Полицијата соопшти дека синоќа во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, патничко возило удрило во електричен тротинет, управуван од Е.М.(32) од Берово, по што го напуштило местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.М., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини