Возач усмртил малолетник на „Пластичарска“ и побегнал

од Nikola Popovski
595 прегледи

Нова трагедија на скопските улици откако вчера 21-годишен возач прегазил 10- годишно дете на булеварот „Никола Карев“, познат како „Пластичарска“ и побегнал од местото на настанот.

Момчето било пренесено во Ургентен Центар – Скопје, каде била констаирана смрт.

Неколку часа по несреќата, полицијата соопшти дека го пронашла возачот кој избегал од местото на несреќата со возилото марка „мерцедес“.

Тој сега се сомничи за кривично дело тешки дела во сообраќајот со смртни последици.

Слични содржини