Еден возач е фатен на радар како вози со 163 километри на час, а друг имал неверојатни 3,28 промили алкохол во крвта, утврди Министерството за внатрешни работи при засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на општина Центар.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, од кои 23 за управување со брзина поголема од дозволената, 21 меркa за возење без возачка дозвола, 13 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 12 санкции за управување под дејство на алкохол, 10 мерки за користење на мобилен телефон и 7 санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло).
На територијата на Општина Центар изречени се вкупно 153 мерки, од кои 26 за брзо возење, 15 за возење без возачка дозвола, 12 за нерегистрирани возила, 11 за возење под дејство на алкохол, 9 за неисправни возила од јавниот превоз, 5 за минување на затворен семафор (црвено светло), 6 санкции за користење на мобилен телефон.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.