344
Две лица загинаа вчера во сообраќајна несреќа. Според информациите од МВР, се работи за 75-годишниот Ж.Ј. и неговата сопатничка С.Ј. (76) – двајцата од селото Марино.
Нивниот автомобил, излетал од патот кај местото викано „Ракле“ и паднал во Крива река.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале и возачот и сопатничката, велат од МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.