19
Синоќа е пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, возило „хонда“ управувано од Ф.Б.(28) од село Лопате, кумановско, удрило во 15-годишна малолетничка од Скопје. Немилиот настан се случил околу 22 часот и 25 минути.
Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.