ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ од силниот земјотрес на Филипините

од Stefanija Kuzmanovska
375 прегледи

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтер го погоди островот Лузон на Филипините, оставајќи зад себе урнатини. Две лица загинаа, а едно е повредено. Од снимките се гледа дека многу згради се оштетени и пропаднати.

Епицентарот бил на околу 11 километри југоисточно од градот Долорес и на длабочина од 10 километри, пренесува „Ројтерс“. Една болница во провинцијата Абра е евакуирана откако се урна дел од зградата, но нема повредени.

Во меѓувреме, според извештаите, луѓето се евакуирани од нивните работни места како мерка на претпазливост.

Корисниците на социјалните мрежи кои беа сведоци на штетниот земјотрес ги споделија своите реакции на социјалните мрежи.

Големиот земјотресот во Лузон од јули 1990 година имаше јачина од 7,7 степени на длабочина од 25 километри.

Слични содржини