Објавен е првиот трејлер за филмот „Dark Crimes“ базиран на вистинска приказна за мистериозно убиство, со Џим Кери во главната улога.

Кери го игра ликот на полицаецот Тадек кој работи на нерешено убиство и сексуален напад и препознава сличности меѓу случајот и романот на писателот Кристов Козлов (Мартон Чокас).
Тој се обидува да го поврзе писателот со убиството, тврдејќи дека во романот се спомнуваат детали што би можел да ги знае само убиецот и не биле споделени како информации со јавноста, но истрагата го води до опасна фасцинација со авторот и неговата девојка, мистериозната работничка во секс-клуб што ја игра Шарлот Гејнзбург.
Крими-трилерот е во режија на Гркот Александрос Авранас, познат по филмот „Miss Violence“ што имаше премиера во 2013 година на Венецискиот филмски фестивал. Авранас тогаш ја освои наградата Сребрен лав.