
Бројот на загинатите како резултат на терористичкиот чин за време на свадба во турскиот град Газиантеп достигна 50 лица. Тоа го соопшти агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на локалните медиуми. Претходно се јавуваше за 30 загинати. Бројот на повредените е над 100. Експлозијата избувна за време на прославата на свадба. Заменик-премиерот на Турција Мехмет Шимшек вели дека пеколната напрабва е активирана од терорист-самоубиец.
https://youtu.be/MXKTl63gTwc
Досега ниту една терористичка организација не ја презеде одговорноста за нападот. Во меѓувреме, турскиот претседател Реждеп Тајип Ердоган вели дека за експлозијата е виновна “Исламска држава”.
Тоа е веќе четвртиот голем терористички акт во Турција за минатата недела. Претходно терористи од сепаратистичката Курдистанска работничка партија (ПКК) организираа напад врз полициска станица во градот Елјазг. Тогаш загинаа пет лица.
Во истиот ден избувнаа уште два моќни експлозии чија цел беа повторно органите на редот. Три лица загинаа во градот Ван, уште петмина војници ги загубија своите животи во експлозија на конвој.