ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ајкулата скокнала од водата и го одгризала стапалото на маж на параглајдер (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Маж (37) од Јордан изгубил дел од стапалото, како и неколку тетиви по напад на ајкулата во Црвеното Море.

Застрашувачкото видео покажува дека ајкула скока од водата, додека еден човек лета со параглајдер над површината на морето, пишува „Мирор“.

Во ужасниот напад, тој остана без задниот дел од стапалото и неколку тетиви, како и со уништени мускули и скршена коска.

Брзата помош го пренела во локалната болница, каде го оперирал десното стапало, а по интервенцијата се чувствува стабилно.

Мохамед Калил Ал Забада од Колеџот за морски науки за локалните медиуми изјави дека напади на ајкули во заливот Акаба се многу ретки.

Постојат разни видови ајкули кои пливаат во Црвеното Море, но обично не пливаат во плитките води на Јордан, додаде тој.

Слични содржини