Новинарите на NBC News снимиле спасувачки тимови во Газа како пребаруваат низ урнатините на зградите по уште еден израелски воздушен напад. Од урнатините се извлекуваат деца и повредени цивили.
Израел досега усмрти повеќе од 6.500 луѓе во одмазднички напади против Хамас.
Бајден: Сигурен сум дека се убиени невини луѓе, а тоа е цената на водењето војна
Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека не им верува на бројките за цивилните жртви дадени од министерството за здравство во Газа под контрола на Хамас, но рече дека е неопходно Израел да се фокусира на нападите врз лидерите на Хамас.
„Немам чувство дека Палестинците ја кажуваат вистината за тоа колку луѓе се убиени. Сигурен сум дека се убиени невини луѓе, а тоа е цената на водењето војна“, рече Бајден.
Израел мора да биде „неверојатно внимателен за да се погрижи да се фокусира на луѓето кои ја пропагираат оваа војна против Израел“, а не на цивилите, рече тој. „Но, јас не верувам во бројот што го наведуваат Палестинците“, додава Бајден.