ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Мајка случајно го прегазила својот син (5) во Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska

Пред неколку дена во селото Копис кај Минск, Белорусија, мајка го прегазила со автомобил својот петгодишен син. Локалната полиција објави снимка од надзорните камери кои го покажуваат ужасниот момент како предупредување до родителите.

На почетокот на видеото момчето стои до задната врата на црвен автомобил. Додека тој се обидува да влезе во автомобилот, мајка му тргнува со автомобилот, влечејќи го момчето зад себе. Во следниот момент тој паѓа на подот и задното тркало од автомобилот го прегазува. Кога мајката забележала дека тој лежи на подот, излетала од автомобилот, но заборавила да закочи.

Возилото застанало откако удрило во ѕид од станбена зграда додека во автомобилот седело второто дете на жената. На мајката која го зграпчила синот и потрчала кон автомобилот, ѝ помогнал и случаен минувач. Момчето со бројни повреди било пренесено во болница каде му е укажана потребната лекарска помош.

Според информации од надлежните служби, против 36-годишната жена се составени четири прекршочни евиденции. Таа доби кривична пријава за предизвикување сообраќајна незгода, напуштање на местото на сообраќајна незгода, кршење на правилата за превоз на малолетни патници и немање задолжително осигурување. Полицијата допрва ќе ја одреди казната за несовесната мајка, истрагата е во тек.

Слични содржини