Непознат маж со комбе удрил студент од Универзитетот за хотелски менаџмент во Белград за време на блокадата одржана во 11:52 часот, во знак на почит кон жртвите од падот на настрешницата во Нови Сад. Инцидентот е забележан на вознемирувачко видео, споделено со порталот Нова.рс, на кое се гледа како возачот забрзува, удира во студентот и потоа заминува од местото на настанот.
Na blokadi studenata DIF-a i Visoke hotelerijske škole došlo je do incidenta kada je vozač kombija krenuo kroz masu vozilom pic.twitter.com/Pz0loOLyqR
— nova.rs (@novarsonline) December 14, 2024
„Бевме околу триесетина студенти и ни се придружија граѓани од улицата. Застанавме на пешачкиот премин во 11:52. Возачот на комбето пристигна и веднаш почна да фрла предмети и да вика, тврдејќи дека брза на работа и дека има деца за издржување. Ние останавме мирни, а тој тргна кон нас со комбето, но не се поместивме“, изјави еден од студентите за Нова.рс.
Според сведоците, возачот се обидел да ја заобиколи блокадата, но на патот стоел еден од студентите. „Тој ненадејно притисна на гас, го крена момчето на хаубата, кое потоа падна на тревата покрај патот. Возачот побегна со комбето. Ние излеговме како група и не сакаме да даваме повеќе информации поради страв од последици, особено што видовме дека комбето припаѓа на фирма за превоз на пијалоци“, додаде студентот.