ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО од моментот кога започнал разорниот земјотрес во Турција

од Stefanija Kuzmanovska
202 прегледи

Два силни земјотреса рано утринава го погодија југот на Турција долж границата со Сирија, при што загинаа стотици луѓе, а сега е објавено и вознемирувачко видео од моментот кога се случил смртоносниот земјотрес.

Првиот силен земјотрес бил почувствуван околу три часот по полноќ и според сеизмолошките податоци бил со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала. Еден час подоцна следеше уште еден, со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала.

https://www.youtube.com/watch?v=dP5vaGOBOOw

Најмногу настрада градот Газинтеп каде како куќа од карти се урнаа голем број куќи и згради. На снимката која се појави, одеднаш се слушна силен татнеж и земјата почна да се тресе.

Земјотресот бил почувствуван во централна и северна Турција, како и во Либан.

Според првите прелиминарни податоци, над 130 згради се урнати, а бројот на загинати и повредени се зголемува од час во час. Засега се знае дека има над 300 жртви.

Слични содржини