ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снимен моментот на падот на авионот во кој се наоѓал Пригожин

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за вонредни состојби на Русија во средата вечерта соопшти дека приватен авион „Ембраер Легаси“, кој летал од Москва за Санкт Петербург, се урнал во близина на селото Куженкино во Тверската област. Во авионот имало 10 лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот и сите загинале. Лидерот на руската платеничка армија „Вагнер“ Евгениј Пригожин и нејзиниот командант Дмитриј Уткин биле на списокот на патници.

На социјалните мрежи кружи видео на кое наводно се гледа падот на авионот во кој се наоѓал шефот на „Вагнер“.

„Росавијација“ ги објави имињата на сите патници во авионот. Тоа се Евгениј Пригожин, Сергеј Пропустин, Евгениј Макаријан, Александар Тотмин, Валери Чекалов, Дмитриј Уткин, Николај Матусеев, пренесува „Известија“. Меѓу членовите на екипажот се Алексеј Левшин, командант, Рустам Каримов, копилот и Кристина Распопова, стјуардеса.

Се уште нема официјална реакција од руските власти за несреќата.

Слични содржини