ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снимен падот на канадерот во Грција

од Stefanija Kuzmanovska
1,3K прегледи

Грчките медиуми објавија видео од падот на канадерот за време на гаснењето пожар во Грција.

Како што може да се види на видеото, канардот испуштил вода на огнот, а потоа почнал да паѓа кон земјата и исчезнал.

Во следниот момент се гледа како избувнува пожар на местото каде што паднала канардот.

Според грчките медиуми, канадерот паднал во провалија.

Инцидентот се случил во областа Каристос во централна Грција, додека канадерот гаснел пожар во тешко проодна област во селото Платанистос, каде што пожарот се уште беснее.

Во авионот наводно имало две лица.

Леталото прво исчезнало од радарот, а потоа било откриено дека се срушило.

Слични содржини