ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Тигар ајкула усмрти млад Русин во Хургада

од Stefanija Kuzmanovska
945 прегледи

Египетското министерство за заштита на животната средина соопшти дека тигар ајкула е одговорна за смртта на 23-годишен руски државјанин.

Тим од министерството успеа да ја фати ајкулата, се додава во соопштението, додавајќи дека локалните власти забранија пливање, нуркање и други спортски активности во областа од северното летувалиште Ел-Гуна до јужната граница на заливот Абу Сома.

Д-р Јасмин Фуад во име на министерството за заштита на животната средина потврдува дека превенцијата од активности е воведена согласно меѓународните протоколи кои се применуваат во случај на вакви инциденти.

Нуркач кој пристигнал на местото на настанот веднаш по нападот рекол дека луѓето притрчале да ѝ помогнат на жртвата откако спасувач од блискиот хотел го вклучил алармот. За жал, не стигнале на време до починатиот Русин кој бил нападнат од ајкула на само 30 метри од брегот, пренесува „Ројтерс“.

Руската новинска агенција ТАСС јави дека убиениот Русин е роден во 1999 година и живеел во Египет, односно не бил турист.

Вознемирувачкото видео од нападот беше објавено и на социјалните мрежи.

Египетските медиуми јавуваат дека забраната за капење на плажите во Хургада и околината ќе биде на сила до недела. Додека повеќето хотели истакнаа црвени знамиња, некои хотели имаат жолто знаме, што значи дека пливањето е дозволено само во плиткото.

Слични содржини