ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ученици брутално претепаа директорка во училиште во Тексас

од Stefanija Kuzmanovska
520 прегледи

Неколку деветоодделенци ја претепале помошник-директорката во средно училиште во Тексас, која итно била префрлена во болница со сериозни повреди на главата.

Учениците во средното училиште Вестфилд во Спринг, град 30 километри северно од Хјустон, ја собориле помошничката директорка на подот додека таа се обидувала да ја прекине тепачката. Бруталното претепување, кое се случи во четвртокот во училишниот центар за деветто одделение, на кое учествувале ученици на возраст од 15 и 16 години, е снимено и на камери.

Таткото на претепаната жена изјавил дека заменик директорката имала неподносливи болки во главата и дека по инцидентот ѝ било потребно скенирање. Другите членови на училишниот персонал рекоа дека не се чувствуваат безбедно на работа и дека „родителите би биле вознемирени“ доколку точно знаат колку е небезбедна внатрешноста на училиштето.

Еден наставник го опиша насилството во училиштето за Click 2 Houston.

„На неа скокнаа три или четири деца. Само ја соборија и почнаа да ја удираат и да ја влечат за коса. Таа ги сака тие деца. Тоа е најдобрата личност и најдобриот администратор што го имаме во средното училиште Вестфилд. Ми го скрши срцето. Тоа ме тера да плачам“, рекла наставничка која побарала да остане анонимна поради страв од одмазда.

Училиштето даде официјално соопштение по инцидентот

„Дошло до расправија меѓу двајца ученици. Повреден е член на персоналот кој се обидел да интервенира и да ја прекине расправијата. Вработениот бил пренесен на лекување во блиската болница и бил пуштен подоцна истата вечер. Мора да нагласиме дека вработениот никогаш не бил цел на расправијата, туку бил повреден како резултат на обид за деескалација на ситуацијата“, наведуваат од училиштето.

Слични содржини