Индонезиските граѓани снимија ужасен момент во кој една жена се онесвести од болка, откако доби 100 удари со камшик поради сексуален однос пред брак, што е казниво во Индонезија според шеријатскиот закон, пишува „Дејли меил“.
На снимката се гледа како Индонезијка паѓа на земја откако таа јавно беше камшикувана поради секс пред брак. Неименувана жена и нејзиниот љубовник во понеделникот добија 100 удари со камшик во градот Локсеумав. Градот се наоѓа во најзападната провинција на Индонезија, Ачех, единствениот регион во земјата што има автономија да го спроведува шеријатскиот закон.
Толпи се собраа да гледаат како жената беше камшикувана од припадниците на регионалната исламска полиција, Вилајатул Хисбах и Агенцијата за јавен ред.
На видеото се гледа како жена стои на сцената, облечена во бел фустан, главата завиткана во шал, додека е опкружена со полицајци и луѓе кои снимаат сè со своите телефони. Жената најпрво ги прима ударите тивко, но во еден момент колената ѝ попуштаат и паѓа на земја.