(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Момент на ужас – млад фудбалер го загуби животот по судир со голман

од Nikola Popovski
107 прегледи

Голема трагедија доаѓа од меч на младинскиот Куп на Перу, во кој животот го загубил фудбалерот Хелар Гонзалес Алтамирано. До несреќата дошло по судир со голманот. Се се случило во моментот кога младиот напаѓач се обидел да ја дофати топката, а навидум безопасниот контакт со голманот на почетокот не предизвикал загриженост. Изгледал како еден од оние судири кои често ги гледаме на фудбалските терени.

Но, набрзо станало јасно дека ситуацијата е сериозна. Веднаш на помош дошле соиграчите од Реал Титан, како и противничките играчи кои ги повикале лекарските служби. Гонзалес Алтамирано бил изнесен од теренот на носилки.

И покрај брзата интервенција на Брзата помош и обидите да му се спаси животот, младиот човек починал ден подоцна. Неговото семејство редовно известувало за неговата состојба преку социјалните мрежи, но трагичниот исход не можеше да се избегне – причина за смртта е пукнување на артерија во главата.

Клубот се простил од својот играч со емотивна изјава: „Почивај во мир пријателе. Ќе се сеќаваме на тебе и на твојата љубов кон фудбалот. Не оставаш со голема болка“.

Слични содржини