204
На 07.05.2023 околу 16.00 часот, полициски службеници од ЕВР Чаир го лишиле од слобода Ш.Р.(62) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 09.20 часот во спортска обложувалница на ул.„Натаниел Кучевишки“ во Скопје физички ја нападнал вработената и одзел пари.
Тој бил задржан во полициска станица и од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.