Дали технологиите за виртуелната реалност (VR) доживуваат неуспех? Во оваа фаза, иновацијата не
е особено импресивна за потрошувачите и останува помалку популарна, како што признава
создателот на шлемот Oculus.

VR технологијата е непотребна за луѓето во моментов. Значајно е дека веќе не се предлагаат
филмови во VR формат, а инвеститорот EVE Online го затвора своето VR студио со објаснување дека
виртуелната реалност е непрофитабилен бизнис.
Според Палмер Лаки, креаторот на Oculus, корисниците сè уште немаат потреба од виртуелна
реалност. Проблемот не е дека технологијата е скапа. Дури и ако ја добијат бесплатно, никој нема
да ја користи, бидејќи VR не е интересна за луѓето – по неколку дена користење, тие ги фрлаат VR
шлемовите.
Јапонската компанија Sony, исто така, не може да се пофали со голема продажба на својот PS VR
производ. За целиот период на постоење, продадени се 3 милиони единици, што е премногу малк
за гејмерската индустрија.
Ниту еден од постојните или во моментов развиените шлемови VR не нудат квалитет што ќе
овозможи на оваа технологија да стане масивна, заклучува Палмер Лаки во блог публикација.