Вработен го избриша Трамп од Твитер

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Каде исчезна профилот на Доналд Трамп на Твитер? Ова прашање го поставија илјадници луѓе во четвртокот откако профилот на американскиот претседател исчезна за 11 минути.

Наместо тоа, тој испрати порака на социјалната мрежа: “Извинете оваа страница не постои!”. Се разбира, тоа расеа десетици теории, меѓу кои дури и личен сајбер напад против шефот на Белата куќа, чие управување е постојано неодобрувано од многу голем процент жители на континентот.

Доналд е доста активен во социјалната мрежа, па проблемот со неговиот профил го разгледаа не само тајните служби. Беше направена и внатрешна истрага на Твитер и се покажа дека виновник е припадник на социјалната мрежа, кој си го дозволил “задоволството” во последниот работен ден.

“Претходно денеска функционирањето на сметката @realdonaldtrump беше оневозможено поради човечка грешка на службеник на Твитер. Таа беше симната за 11 минути, а потоа повратена. Ја разгледуваме случката и преземаме мерки тоа да не се случи повторно.

Како дел од нашата внатрешна истрага, откривме дека тоа е работата на наш вработен на последниот ден на своето работно место “, беше официјалното соопштение на компанијата.

Трамп сè уште не ја коментира приказната и е активен во социјалната мрежа до денес.