Вработен заразен со Ковид-19 ја затвори Општина Струга

од Берта Китинска
352 прегледи

Службеник вработен во општинската администрација во Струга е позитивен на Ковид-19, па затоа Локалната самоуправа донела одлука службите во Општината да не работат до наредниот понеделик.

После консултации остварени со наделжните институции од Општината е упатен повик до вработените во администрациајта да останат во самоизолација, а при евентуална појава на сипмтоми на коронавирус да ги контактираат матичните лекари.

-Бидејќи ситуацијата со пандемијата се влошува, ве молиме да бидете внимателни и да ги почитувате мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство со цел да се спречи ширењето на пандемијата, се наведува во соопштението од Општина Струга.

Во меѓувреме ќе се анализираат и проверуваат сите контакти што вработениот ги имал со останати лица во Струга за да се откријат евентуални други инифцирани. Инаку, лицето позитивно на Ковид-19 е во домашна изолација со лесна симптоматска клиничка слика

Слични содржини